Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар со една “нога“ се во финалето од купот на Македонија, црвено-црните со 3:0 ја совладаа Победа од Прилеп

Пионерите на ФК Вардар со една “нога“ се во финалето од купот на Македонија, црвено-црните со 3:0 ја совладаа Победа од Прилеп

Пионерите на ФК Вардар со предност 3:0 од ќе го започнат реваншот од полуфиналето во купот на Македонија. Деенс на теренот на академијата, избраниците на Сашо Тодоровски го добија првиот полуфинален меч против Победа од Прилеп.

Тенерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Ѓорѓиески, Стојчески, Антовски, Радевски,  Пешевски, Дарлишта,  Адем, Бериша, Реџепи, Благојевиќ.

Динамично започна натпреварот, а својата прва шанса Вардар ја претвори во погодок. Филип Антовски продре од левата страна, асистираше до Милан Благојевиќ кој од непосредна близина го совладува голманот на Победа, за водсто од 1:0. Во наредниот период гостинската екипа од Прилеп имаше два удари, но двата завршија над голот на Методија Велковски. Играчот кој донесе радост за Вардар повторно се најде во шанса, но шутираше по земја покрај голот на противникот. Обид имаше и Реџепи, но неговиот удар завршува покрај голот на гостинот. Црљвено-црните актвно се обидуваа да создадат нова поголема шанса. Полу-прилики имаа и капитенот Бериша и репрезентативецот Антовски, но нивните удари успешно ги брани голманот на Победа. Последната прилика во првиот дел ја имаше Али Адем и тоа со удар над голот. Првото полувреме заврши со резултат од 1:0.

vardarfans-pioneri

Во второто полувреме првиот директен удар кон голот на Победа го упати Јакуп Бериша, кој завршува во рацете на добро поставениот голман. Уште еднаш се обиде Јакуп, но резултатот остана непроменет. Прва измена во нашите редови. Во игра влезе Саит Битиќи, на местото на Фитор Реџепи. Топлото време им претставуваше проблем на двете екипи, иако црвено-црните имаа поголем посед на топка. Дарлишата за малку прекраток во својот обид да постигне гол. Анел Калчиноски е новиот играч кој влезе во игра кај Вардар, на местото на Кренарт Дарлишта. Тренерот Тодоровски внесе свежина во нашиот состав, а токму нововлезениот Битиќи успева да го погоди голот на Победа, за зголемено водство од 2:0. Од прекин нафрли Антовски, топката стигна до Битиќи кој со глава го матира голманот на гостите. Трета измена во нашиот состав, влезе Мартин Филипоски, а излезе Милан Благојевиќ. Не помина многу време, а Вардар уште еднаш ја тресе мрежата на противникот. Нафрли Калчиноски, а топката стигна до Али Адем кој со глава успешно стрела за предност од 3:0.

vardarfans-tekst

Со овој резултат 3-0 дојдовме до победа, реваншот е за една недела нагости. Оваа генерација викендов ќе одигра заостанат меч од минатото коло со ФК Работнички во лигата.