Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со негатива се враќаат од Струмица, тие се поразени од А.Пандев во 1/2-фин. од Купот

Младинците на ФК Вардар со негатива се враќаат од Струмица, тие се поразени од А.Пандев во 1/2-фин. од Купот

Младинскиот тим на Вардар денес ја одигра  првата полуфинална средба против екипата на Академија Пандев во рамки на Купот на Република Македонија.  На натпреварот одигран во Струмица домаќинот однесе триумф со резултат  2:0 (0-0). Тренерот на црвено-црните младинци, Љупчо Марковски-Калц натпреварот го почна со овој состав: Трајчевски. Т. Тодоровски, Личина, Исмаил, Ричков, Додевски, Димков, Димитровски, Стојчевски, Даци, Најдоски.
Играа уште: Хамзиќ и Маркоски.

Првиот дел заврши миројубиво со почетниот резултат 0-0, и покрај приликите мрежите на Трајчевски Филип и Широв Ристо мируваа. Домаќините успеаа да погодат двапати во вториот дел и да дојдат до солидна предност пред реваншот. Академија Пандев поведе со 1-0 во 57 минута со голот на ново влезениот Мишев Александар. Покрај неколкуте обиди за издначување не успеавме да погодиме за 1-1. Стигна казна во 80 минута повторно истиот играч погоди за домаќините, тој со овој гол за 2-0 стави точка на овој натпревар.  Покрај овој неповолен резултат сепак останува реваншот во Скопје на кој вардаровите младинци  ќе се обидат да го стигнат до поволен расплет и  пласман во големото финале. Според однапред познатиот распоред  реванш натпревар на наш терен е  програмата на 4. мај.