Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС лесно в гости кај Овче Поле, девојките победија со 14 плус

Вардар СЦЈС лесно в гости кај Овче Поле, девојките победија со 14 плус

Во рамките на 23 коло во Женската супер лига, екипата на  Вардар СЦЈС гостуваше во Свети Николе. Во мечот кој се одигра во салата “Цар Самоил“ во Свети Николе триумфиравме нaд екипата на   Овче Поле СУ. Избраничките на Симе Симовски дојдоа до победа на овој првенствен дуел со  резултат 22-36 (10-20).

Мечот почна со гол за домашната екипа која поведе со 1-0, а потоа поведоа и со 2-1.  Ние изедначивме брзо на 2-2, тоа беше последен пат Овче Поле да има активен резултат на мечот. Следуваше наша доминација во продолжение, со серија 2-7 на средината од првиот дел поведовме со “плус пет“ 4-9 и најавивме дека лесно ќе се справиме со нашиот ривал. До крајот на полувремето ние ја удвоивме оваа предност, па така младиот црвено-црн женски тим  на пауза по 30 минути ракомет замина со предност од 10 голови , односно со резултат  10-20.

Во вториот дел повторно стартувавме како и на почетокот со 2-1 за домаќинките кои намалија на 12-21 во воведните минути.  Највеќе што успеаа во продолжение девојките на Овче Поле да направат е да ја намалат негативата беше на осум гола. Девојките на домашниот тим успеаа да дојдат на 16-24, но потоа следеа повторно наши минути. Од минута во минута до крајот зголемувавме постојано, од клупата уфрли Симовски неколку млади ракометарки кои го освежија тимот и го подигнаа ритамот. На крајот победивме со 14 гола позитива, односно 22-36.

Кај домаќинот, екипата на  Овче Поле број еден поединец несомнено беше  Драгана Стојанова, таа постигна 10 погодоци. Во нашата екипа,  Вардар СЦЈС први стрелци беа  Ања Велкова и Марија Прленда со по 5 гола, а Трпковска Маја и Георгиевска Клаудија стрелаа успешно по 4 пати.