Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > ,,Комити”: Ве повикуваме денес сите вас да дојдете заедно да создадеме препознатлива атмосфера
,,Комити”: Ве повикуваме денес сите вас да дојдете заедно да создадеме препознатлива атмосфера

,,Комити”: Ве повикуваме денес сите вас да дојдете заедно да создадеме препознатлива атмосфера

Вечерва во СЦ. ,,Јане Сандански” се игра големото дерби, дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. По тој повод, навивачите на Вардар, популарните ,,Комити” излегоа со соопштение каде ги повикуваат сите навивачи да дојдат вечерва во сала и да му дадат препознатлива поддршка на нашиот тим кон уште една важна победа.

Целото соопштение во продолжение:

Одамна не сме го слушнале безвременскиот кантри хит на трибина, па затоа момците кои вчера грмеа во Маџари не потсетија дека денес е Дерби ден !
Ве повикуваме денес сите вас да дојдете заедно да создадеме препознатлива атмосфера !
Заедно да покажеме како изгледа  црвено – црниот свет !
Одиме на јубилејна 15-та Титула !
Да дадеме се од себе, вие на теренот, ние од трибините !
РК Вардар – РК Пелистер
Сала: Јане Сандански – 18:00ч