Вардар го доби дербито во рамките на 4.коло во македонската ракометна Супер Лига. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, Вардар го победи Еурофарм Пелистер со резултат 29:25.
Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол на двете страни. Гледавме брз ракомет на двете страни, а Вардар и Еурофарм Пелистер постојано се менуваа во предност. Ниту една од екипите не успеа да се одлепи на два дола разлика се до последните две минути, кога вардарци имаа фуриозен финиш на првото полувреме. Во 28.мунута за прв пат со голот на Дибиров поведовме со 12:10, за противникот од Битола да намали на 12:11, но црвено-црните до истекот на 30.минута постигнаа три нови голови, а последниот беше дело на Моралес кој погоди со звукот на сирената во контра напад. Со оглед дека правилата во домашното првенство се да играат најмногу осум странски играчи на еден натпревар, Вујовиќ се реши да настапи без Кевин Њокас, Чувара и Валчак.
Вардар на стартот од вториот дел стигна и до највисоки пет голови разлика, но противникот со серија од 0:3 намали на 17:15, што беше знак за Вујовиќ да побара минута одмор. На голот застана Томовски кој одбрани два удари, додека со голот на Талески поведовме со 20:16 во 40 минута. Денес Комити му дадоа голема поддршка на својот миленик, па нивни крилја, црвено-црните со голот на Ѓукиќ после една одземена топка успеваат да поведат со 22:17 во 44 минута. Дибиров игра одличен натпревар со својот 10.гол од 11.обиди кон голот му носи водство на Вардар од 25:20 на десет минути пред крајот. Неразбирлив пад во нашата игра, гостинот од Битола на четири минути пред крајот намали на само еден гол разлика (26:25). Помирен финиш со два гола во серија ни носи Талески за резултат 28:25 на 150.секунди до крајот на мечот. Сепак Вардар не дозволи изненадување и слави триумф со резултат 29:25.
Дибиров беше најефикасен со 10 голови, додека одличен натпревар одигра и Талески постигнувајќи 5 голови.