Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > (ВИДЕО) ,,Комитите” и играчите навиваа во еден глас!

(ВИДЕО) ,,Комитите” и играчите навиваа во еден глас!

Вардар го доби дербито во рамките на 4.коло во македонската ракометна Супер Лига. Вечерва во С.Ц. ,,Јане Сандански” , Вардар го победи Еурофарм Пелистер со резултат 29:25.

Вардарци и на овој натпревар беа ,,водени” од своите навивачи кои и на овој дуел беа феноменални. ,,Комитите” во текот на целите 60.минути им беа ветер во грб на ракометарите, кои не можеа да загубат во ваква феноменална атмосфера.

Погледнете како по крајот на дуелот изгледаше навивањето на ,,Комитите” и играчите на Вардар, ТУКА.

Фото: Кочо Сотировски