Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Е ваков Талески сака да гледа вардаровата публика!
Е ваков Талески сака да гледа вардаровата публика!

Е ваков Талески сака да гледа вардаровата публика!

Вардар го доби дербито во рамките на 4.коло во македонската ракометна Супер Лига. Вечерва во С.Ц. ,,Јане Сандански” , Вардар го победи Еурофарм Пелистер со резултат 29:25.

Уште една одлична партија оваа сезона во дресот на ,,црвено – црните” прикажа Филип Талески. Се чини дека Вујовиќ му го прикажа она што му фалеше на левиот бек.. Талески оваа сезона игра одлично. Се дига на шут, а има и голема прецизност при истите. Вечерва несомнено е играч на натпреварот. Иако Дибиров одигра маестрално, сепак, Талески во клучните моменти кога не му одеше на Њокас, влезе во игра и постигна три гола во серија, што ја дигна публиката на нозе, а потоа до крајот Вардар дојде до плус четири, конечни на овој дуел.

Вечерва Талески постигна пет одлични погодоци при феноменални скок шутеви. Му посакуваме на репрезентативецот на Македонија да продолжи во ова темпо и во следните натпревари.