Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: ФК Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица
Комити: ФК Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица

Комити: ФК Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица

Фудбалскиот клуб Вардар има тешка задача да обезбеди опстанок во најсилната македонска лига. После заминувањето на голем број на искусни играчи на крајот од есенскиот дел, тимот во продолжение од сезоната игра со голем број на младинци, кои треба да му помогнат на Вардар во битката за опстанок. Покрај овие проблеми, Вардар се соочува и со други работи, тоа е неможноста да тренираат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, причина која се уште не и позната на јавноста.

Во соопштение, Комити, уште еднаш ја покажаа својата горчина од ваквите потези. Ви го пренесуваме нивниот текст во целост.

Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар, не им дозволува на Фудбалерите на Фудбалскиот Клуб Вардар, да тренираат на Тренинг Кампот на Фудбалскиот Клуб Вардар !
Ова не е наслов на филм со жанр – пародија ниту пак е рана првоаприлска шега, ова е за жал реалноста со која се соочуваме сите ние кои се идентификуваме со Фудбалскиот Клуб Вардар.
Фудбалскиот Клуб Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица, исфрен е од своите родители кои се откажале од него преку весник. Исфрлено е на суров начин, и родителите не сакаат да чујат за него, дали има каде да преспие, што ќе јаде, што ќе пие, дали ќе фати некоја болест…
А што е вината на тоа дете кое е толку слатко, што едноставно ги радува срцата на сите други освен оние на своите родители…
Другиот родител е Градот Скопје, кој смета дека не треба да се грижи за своето чедо поради тоа што другиот, а не тој родител го исфрлил своето дете надвор, па поради тоа и нема обврска да го згрижи своето мало детенце, кое плаче затоа што е неухрането, жедно и ненаспано.
Ќе има ли некој доволно доблест и храброст да им го одземе на негрижливите и неодговорни родители ова мило детенце?
Постои ли некоја институција која ќе знае да отвори очи да го констатира сево ова, па да се охрабри да им го одземе правото на родителство на двете страни, за да назначи нов старател?
Ова дете мора да биде растено со љубов !