Во рамките на 23.коло од ПМФЛ, Вардар ќе гостува кај екипата на Шкупи. Натпреварот ќе се одигра во недела (14.03) на терените на фудбалската федерација на Македонија со почеток од 15:00 часот.
Трет натпревар по ред за главен судија на дуелите на Вардар е делегиран Игор Стојчевски од Скопје. Негови помошници ќе бидат Даниел Василевски (Скопје) и Бранко Путилин (Скопје), додека четврти судија е Марјан Младеновски (Скопје).
Чудно, како трет натпревар по ред ист судија ќе му дели правда на Вардар, кој ќе се обиде да стигне до првиот пролетен триумф сезонава.