Македонската ракометна репрезентација вечерва ја очекува натпревар против Данска, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година.
Кирил Лазаров ќе дебитира како селектор на клупата на Македонија, но истовремено и ќе игра на теренот. Тој заедно со неговите помошници го избраа составот кој вечерва ќе се спротивстават на актуелниот светски шампион.
Во составот се најдоа и ракометарите на Вардар, се работи за Стојанче Стоилов, Филип Талески и Гоце Георгиевски. Од составот отпаднаа Кизиќ и Мишевски, како и Димитриоски поради повреда.
Натпреварот со Данска се игра во С.Ц. Борис Трајковски со почеток од 20:00 часот.