Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар во сабота повторно ја пречекува Стружанка, овој пат во првата пролетна рунда
Вардар во сабота повторно ја пречекува Стружанка, овој пат во првата пролетна рунда

Вардар во сабота повторно ја пречекува Стружанка, овој пат во првата пролетна рунда

Викендов започнува пролетната сезона во женската ракометна Супер лига. За ЖРК Вардар ќе има реприза на финалето од минатата недела во 1/4-финалната група на Купот. Повторно во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје гостува тимот од Струга, екипата на Стружанка.

Дуелот против тимот кој го совладавме со 27-19 и го исфрливме од Купот на Република Македонија обезбедувајќи си Ф-4, е закажан за сабота, 13.март. Натпреварот од 14.коло во сезоната 2020/2021 ќе се игра со почеток во 15:00 часот. Правдата ќе ја делат Виктор Андонов  и Стојанчо Јовановски од Скопје.