Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Помладите петлиња на ФК Вардар одиграа пријателски натпревар со Јанг Тим
Помладите петлиња на ФК Вардар одиграа пријателски натпревар со Јанг Тим

Помладите петлиња на ФК Вардар одиграа пријателски натпревар со Јанг Тим

Генерерацијата 2007 на ФК Вардар одигра контролен натпревар на теренот на Академијата против екипата на Јанг Тим од Струга. Противникот славеше со резултатски пресврт во вториот дел, конечниот резултат гласеше 2:4

Тренерот Коцески стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Исајловски, Филип Смиљков, Бедри Садики, Алексеј Ивановски, Иван Блажевски, Нијази Нухиу, Петар Котевски, Лука Рајчин, Фуад Керими и Михаил Јордановски.

Нашите млади надежи одиграа одлично прво полувреме во кое имаа предност од 2:0, со двата погодоци на Иван Блажевски. Во вториот дел игравме со различна постава, противникот од Струга постигна дури четири голови за конечен триумф со резултат 2:4.

Ваквите натпревари треба да ги има почесто, само на овој начин ќе одржуваме континуитет и форма.