Викендов во кугланата „Мусандра“ во ГТЦ во дербито Вардар(А) се сретна со тимот на КК ГТЦ Мусандра. Голема и убедлива победа оствари црвено-црниот тим над директниот ривал за првите 3 места во МКЛ и актуелен вицешампион, ГТЦ Мусандра, во 4-тото коло на МКЛ. Победата дојде со високи 7-1.
Одличната игра на црвено-црните кои дојдоа до 3302 „соборени дрва“ се рефлектираше и на топ-6 изборот за ова 4.коло. Дури четири играчи на Вардар-А се дел од најдобрите шест ова коло. Најистакнат поединец беше Саша Јанковиќ со 563, тој е на втората позиција на топ-6. Зад него е Дарко Димитровски 560,а 4ти е Коста Ристевски со 555.