Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски: Благодарност до сите кои се вклучија во спас на Вардар
Блажевски: Благодарност до сите кои се вклучија во спас на Вардар

Блажевски: Благодарност до сите кои се вклучија во спас на Вардар

На вчерашната прес-конференција, навивачката група Комити ги изнесе деталите околу акцијата „Купи билет за спас на Вардар. Од истата беа собрани 3.338.100 денари откако поставија рекорд од 33.381 продаден билет за мечот со Пелистер.

Голем дел од собраните средства им беа поделени на играчите, стручниот штаб и останатите кои се задолжени клубот да функционира. Капитенот на Вардар, Дејан Блажевски, изрази благодарност до Комити, со надеж дека бргу ќе има и конечно решение околу ситуацијата во која се наоѓа клубот.

“Ова е убава вест и благодарност до сите, благодариме што ги уплатија парите. Знаеме во која ситуација е клубот, а воедно апел да се вклучат и други за да се спаси Вардар. Се надевам на конечно решение, за да бидеме помирни и Вардар да има свој терен, зашто не знам што е проблемот, имаме база а не тренираме таму”, истакна популарниот Шиле.