Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дерби на Вардар и А.Пандев во рамките на 9.коло во младите категории
Дерби на Вардар и А.Пандев во рамките на 9.коло во младите категории

Дерби на Вардар и А.Пандев во рамките на 9.коло во младите категории

Претстојниов викенд ќе гледаме дерби натпревари во рамките на 9.коло во младинските фудбалски лиги. Екипата на Академија Пандев е противник за младите надежи на Вардар.

Во сабота, кадетите и младинците гостуваат во Струмица на „општинското игралиште“, додека во недела на теренот на Академијата пионерските екипи се домаќини на истиов противник. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во сите категории, екипите на Вардар и Академија Пандев се во горниот дел на табелата. Во помладата пионерска и кадетска лига, струмичани се наши најголеми конкуренти за шампионската титула. Вардарци иако ослабени ќе влезат на сите четири натпревари, сигурни сме дека ќе изгинат на теренот за секоја топка и добри резултати од овие дерби дуели со А.Пандев.