Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Ќе бидеме дел од крводарителската акција на „Црвениот крст“

Комити: Ќе бидеме дел од крводарителската акција на „Црвениот крст“

*ПРЕВЗЕМЕНО ОД ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНИЦА НА „КОМИТИ ЗАПАД“

97134953_2908615162526083_2510879718518030336_n

ВАЖНО !!!

Поради вонредната ситуација со вирусот Ковид 19, во Заводот за Трансфузиологија има недостаток на Крвни единици!
За ова сме информирани од Црвениот Крст на Република Македонија преку Општинската Организација – Гази Баба. Од таму ни стигна и Официјално Барање за наше учество и Организација на КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА !
Секако дека нашиот Одговор на Барањето бр. 0805-56 е позитивен и прифаќаме.
Ве информираме сите вас пред се да ја раширите оваа информација но и доколку сте во можност и сакате да бидете хумани да се охрабрите и да Дарувате Крв !
Веројатноста дека вашата крв може да спаси нечиј живот треба да е доволен мотив, па затоа ве повикуваме во ова време на Меѓународна здравствена криза, која наложи Рестриктивни мерки и ограничувања, да покажеме Солидарност и Хуманост, да го покажеме повторно нашето Срце Комитско !

Детали:
- Локација: КИНО МАЏАРИ
- Време: Петок 15.05.2020г. од 12:00 до 17:00ч. (Со можност за продолжување до покасно согласно евентуалното олабавување на мерките во текот на следната Недела)
Со вас задолжително понесете:
- Документ за Лична Идентификација (Лична карта / Пасош)
- Крводарителна книшка (доколку имате) и
- Заштитна маска за лице

Бидете хумани – спасете живот !

И КРВТА СВОЈА ЗА ТАТКОВИНАТА МОЈА !

#ДонирајКрв #СпасиЖивот
#ЗаВардар #ЗаМакедонија