Кугларски Клуб Вардар го освои купот на Македонија пред точно пола деценија. На вчерашен ден пред пет години во кугланата Мусандра се одржа последното кугларско натпреварување за оваа сезона – Македонскиот кугларски куп, на кој нашиот црвено-црн кугларски колектив беше подобар од останатите седум кугларски клубови кој патиципираат во кугларската лига на земјава.
Вардарци го освоија “Претседателскиот куп-2015 “ од првиот обид. од првата сезона од како фунционираат во ваков формат во Македонската кугларска лига. Купот имаше осум учесници ама најуспешни беа нашите момци со 3407 соборени “дрва“ во шесте серии колку што имаше куп натпреварувањето. Зад црвено-црните на втората позиција се најдоа тимот на ГТЦ со 3373 соборени “дрва“ и трето пласиран беше тимот на актуелниот шампион во Македонската кугларска лига КК Макпетрол со соборени 3288 “дрва“. Купот се одржа на принцип на турнир на кој настапија по 6 натпреварувачи од секоја екипа.
Вардар како Шампион на купот обезбеди место во европскиот НБЦ куп кој се одигра во Австрија.