Навивачите на црвено-црните, верните Комити Запад по вчерашното реми со тимот на Академија Пандев на својата официјална страна излегоа со мотивирачки натпис за фудбалерити. Тие иако не видоа триумф се задоволни од максималното залагање на момците. Најверните велат:
Има моменти кога поразот е победа, кога губиме бодови но излегуваме од трибина со срца наполнети дека изгинавме на терен, дадовме се од себе но таков ни бил денот…
Денес не беше еден од тие денови. Денес на теренот видовме екипа на која не и значеше победата и она што ќе значи подигнување на моралот кај нашите припадници, Вардаровите навивачи, во овие тешки денови од историјата на нашата мила Македонија.
Иако имаше по еден гол на двете страни сепак натпреварот – ФК Вардар - ФК Академија Пандев заврши НУЛА спрема НУЛА !!!
По двете нули едноподруго, многумина се надеваат дека ќе ни падне моралот и ќе потклекнеме тука, но и на други полиња. Но надежите се залудни затоа што нас не мотивира љубовта а не омразата, и токму затоа следниот викенд ќе дојдеме во голем број во Маџари, да бидеме тука кога треба да бидеме, да влееме надеж наместо да се откажеме.
Мобилизација момци, следниот викенд нека грми: Шкендија сака репете, уште еднаш да ја е.еме, ајде викни посилно…а вие?