Андријана Будимир ќе ја предводи репрезентацијата на Македонија за момци родени 2002 на официјален ЕХФ турнир во Унгарија, „Балатон куп“ кој ќе се одржи од 11 до 13.април. Таа веќе ја “сруши“ првата брана кон историјата стана првата жена предводник на машка репрезентација. Следи период на докажување дека е достојна за фунцијата, пат кој ќе биде тежок, но нејзината посветеност, огромниот тренерски и ракометен потенцијал токму сега ќе дојде до израз. Утрово прв пат “прозиваше“ таа ги собра својте пулени на утринскиот тренинг.
Денес момците од репрезентацијата го имаа утринскиот тренинг, на поширокиот список се најдоа дури осум црвено-црни момци кои ќе конкурираат за настап. Тренинзите се одржуваат во Спортскиот центар “Борис Трајковски“. Сосема очекувано во нејзин стил тие се пеколни, а покрај утринските ги очекуваат момците и попладневни активности. По завршување на оваа прва фаза ќе има кратење на списокот на кој Будимир ќе ги остави оние на кои смета за настап на претстојните два натпревари. Сосема очекувано веќе по првиот собир почна да го наметнува својот стил, на цврста и бескуполозна игра во одбраната која според нејзината “ракометна филозофија“ е темел на успехот. Со голем успех таа стратегија ја имплеменираше во црвено-црниот тим, нема сомнеж дека ќе успее со истата да направи успех и со Македонија. Познавајќи ги нејзините методи на работа на престојните два натпревари, борбеност цврстина и мотивираност нема да им недостасува на нашите репрезентативци.
На турнирот не очекува прв натпревар против Србија на 11.април, истиот ќе се игра со почеток во 18-00 часот. Два дена подоцна ќе играме против силната репрезенација на Унгарија, мечот на 13.април е закажан со почеток во 11-00 часот. Се надеваме дека на новата фунција ќе биде успешна како и на тренерската во Вардар, каде со своите момци жнее успеси постојано.