Навивачката група на Црвено-Црните Комити на својата фб-страница се обратија по повод неделното најголемо Македонско фудбалско дерби ФК Вардар- ФК Пелисер .
Вардар секогаш важел за клуб кој има голема армија на навивачи и фанови и во минатото никогаш не било проблем стадионот да биде исполнет во солидна бројка. Времињата се сменија, низа фактори придонесоа само да се присетуваме на славното минато, но и ни дадоа шанса и обврска да го вратиме она што некогаш било традиција во неделните попладневни часови во Скопје.Гостувањето на Пелистер, само по себе повлекува и гостување на противничка навивачка група, нешто што се поретко го гледаме на нашиот стадион. Иако сме свесни дека на стадион доаѓаме исклучиво за Вардар, фер е да се признае дека натпреварите во кои има и противничка навивачка група секогаш поминуваат во навивање со поголема страст. Од таквите незаборавни моменти, позитивна навивачка атмосфера, голем број на навивачи, добра пиротехника, прозилегуваат личности кои доживотно ќе останат заразени со црвено-црната страст и во иднина тие ќе бидат оние кои ќе ја пренесуваат љубовта кон Вардар на своите другари и познаници, токму тоа што го правиме ние во моментов. Секој може да одвои малку време за да сподели дека во недела се игра вечното дерби на Градскиот стадион и да придонесе за поголема масовност на трибините, а потоа да се држи до правилата на групата и да има улога во уште една незаборавна претстава на западот. Скопје и Македонија се гладни за едно големо фудбалско дерби, а спортот се игра за публиката, ако ја нема нејзе, секој резултат е напразен. Затоа без дилема, сите патишта во недела нека водат кон нашиот фудбалски храм. На Вардар му треба вашата поддршка за да дојде до титулата, на Вардар му треба вашата поддршка за да го добие вечното дерби со битолскиот ривал.
СИТЕ НА ЗАПАД, ИГРА ВАРДАР!!