Наскоро се навршуваат долги 70 години од основањето на ФК Вардар во далечната 1947 година. По тој повод навивачите на црвено-црните изработија два нови прекрасни графити. Истите се изработени во скопската населба Маџари од Комитската подгрупа која доаѓа од истата населба, позната по нивната активност на ова поле и големата креативност на нивните членови. Во продолжение на фотографиите може да ги погледнете двете нови ремек-дела изработени од Комити Маџари!