Денес во 12:00 часот беше ждребот за полуфиналните парови за завршниот Ф-4 турнир во ракометната Лига на шампиони. За историскиот меч во Келн нашиот Вардар го дозна својот противник, тоа е екипата на Барселона.
Во другата полуфинална двојка се екипите на ПСЖ-Веспрем кои ќе атакуваат на финале во кое се надеваме ќе ги чека нашиот црвено-црн ракометен машки колектив. Се надеваме дека ќе идеме до самото финале, овој настап за Вардар е историски и дебитански, другите три тима веќе имаат настапувано на турнирот на најдобрите четири на стариот континент, Европа. Ждрепката посака да се сретнеме со тимот во кој играат капитенот на Македонија, Кире Лазаров и голманот на нашата селекција Борко Ристовски.