Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > Комити > Хуманитарната акција започнува во 14ч. Пред Соборниот храм
Хуманитарната акција започнува во 14ч. Пред Соборниот храм

Хуманитарната акција започнува во 14ч. Пред Соборниот храм

Да бидеме хумани! Секоја помош е добредојдена. Дојдете денеска во 14 часот пред Соборниот храм. Да им помогнеме на настраданите, на кој им е потребна оваа помош. Од навивачката група Комити вчера излегоа со ова соопштение:

Навивачката група “Коммити Запад”, изразува искрена сочуство до семејствата на жртвите од природната непогода во Скопје и скопско.

Во прилог на вонредната ситуација во Скопје. Стапивме во контакт со градоначалникот на град Скопје. Од наша страна беше понудена помош до сите надлежни институции, на кои деноноќно им стоиме на располагање. Ги, повикуваме сите наши членови да се приклучат во нашите акции, кои навремено ќе бидат објавени каде ќе се одвиваат.

Воедно ја известуваме целокупната јавност. Дека навивачката група “ Koмити Запад” , oрганизира хуманитарна акција пред Соборен храм “ Св. Климент Охридски”, за настраданите сограѓани од поплавите. Секоја помош е добредојдена. Однапред се заблагодаруваме на сите хумани граѓани. Хуманитарната акција започнува на 08.08.2016, понеделник , во 14ч. Пред Соборeн храм.
Со почит
Комити Запад.