Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Растворцев е нов спортски менаџер на Ракометната Академија на Вардар
Растворцев е нов спортски менаџер на Ракометната Академија на Вардар

Растворцев е нов спортски менаџер на Ракометната Академија на Вардар

Екс играчот на ракометниот клуб  Вардар, русинот Алексеј Растворцев се врати во црвено-црното семејство, тој ќе биде одговорен околу организацијата на работата на Ракометната Академија и Вардар Јуниор лигата. Тој во иднина неговата задача ќе биде секогаш да ја надгледува работата со младите категории во клубот, во Академијата и Вардар јуниор лигата. Да им помага на тренерите од Академијата и заеднички да се препознаат талентираните деца кои ќе треба вистински да се насочат за да постигнуваат подобри резултати.

39

Растворцев беше дел од екипата која настапуваше во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, освојувајќи двојна круна во Македонија и насловот на СЕХА Газпром лигата. Откако Растворцев реши да ја заврши играчката кариера повторно му се врати на „црвено-црниот” клуб. Сега ќе има сосема друга функција, но повторно поврзана со ракометот. Повеќе од 15 години има настапувано и во руската репрезентација. Имам и диплома од Факултет за физичка култура и е прогласен за „Заслужен Мајстор на спорт”.