Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Антина Проеска: “Јуниор лигата“ е идеална можност за младите, за нивните соништа, како и придонес во здравјето и развојот на секое дете
Антина Проеска: “Јуниор лигата“ е идеална можност за младите, за нивните соништа, како и придонес во здравјето и развојот на секое дете

Антина Проеска: “Јуниор лигата“ е идеална можност за младите, за нивните соништа, како и придонес во здравјето и развојот на секое дете

Минатата сезона беше реализирана првата година од  фунционирање на ракометната Јуниор лига, која  се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кој влегоа во големото црвено-црно семејство. Истата е голема приликата на младите да се дел од оваа “Јуниор лига“ им  овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. Изминатат сезона во генерацијата за ракометарки родени 2002 и 2003 година шампиони беа девојките од Академија-1, тие во финалето беа подобри од тимот на Катратовиќ Вардар 2002 со резултат 20-12. Антина Проеска, десното крило на Академија-1 беше дел од победничкиот табор кој се закити со златото во оваа возрасна категорија. Членката на шампионската екипа во изјава за нашиот сајт ни кажува како и кога се родила љубовта кај неа за овој спорт.

Ракомет играм веќе трета година, што значи од мојата дванаесетта година, а чувствувам како тоа да го правам цел живот. Започнав да тренирам во Филип Вардар кај Александар Танески. По природа сум спортски дух и со оглед на тоа дека сум одличен скијач и пливач ми требаше спорт каде што ќе ја трошам енергијата во текот на цела година, а ракометот е идеален спорт за тоа. Бидејќи ги обожавам тимските спортови во кои покрај спортскиот има и забавен дел, ракометот е идеален за да се пронајдам и да се чувствувам комплетно.

Младата крушевчанка Проеска која е дел од Филип Вардар вардарова школа која фунционира во Прилеп и до која младата ракометарка секојдневно патува за да се бави со својот омилен спорт ни говори за можноста со својата екипа да биде дел од големиот проект на Вардар ракометната “Јуниор лига“.

И во претходната изјава напоменав дека проектот на Вардар јуниор лигата е за поздравување и секоја чест на основачите и на сите кои се дел од тој проект. Овој проект е идеална можност за младите, нивните соништа, како придонес во здравјето и развојот на секое дете, или да се надоврзам на латинската изрека: “ Во здраво тело-здрав дух“. Со големо задоволство ќе кажам дека сите мои успеси, сите можности за остварување на дел од моите соништа,ги препишувам на Вардар јуниор лигата и мојот тренер. Напорните тренинзи, многуте жртви и не би се исплатиле доколку не беше огромна мотивацијата да се биде прв.

Десното крило на шампионската екипа од минатата сезона Академија-1 генерација родени 2002/2003, ни ги кажува својте впечатоци за првата сезона која веќе е зад нас.

1015

Првата сезона помина фантастично и неможам да кажам дека е повеќе од очекувањата бидејќи ние давајќи се од себе и верувајќи дека сме најдобри дојдовме до победа и го освоивме златото, кое беше потврда за нашата макотрпна работа во текот на изминатиот период. Во следнава сезона ќе работиме уште понапорно и ќе вложиме максимум и ќе се бориме повторно за прво место.

Антина Проеска за крај кратко ни ги кажува своите очекувања од престојата, втора сезона 20016/2017 во ракометната вардарова “Јуниор лига“ во која таа и девојките од нејзиниот тим ќе бидат пред голем предизвик, да ја одбранат титулата освена во првата натпреварувачка сезона во овој проект.

Голема одговорност и долг имаме кон Вардар јуниор лигата, бидејќи како прваци сме обврзани да го задржиме златото. Очекуваме да бидиме посигурни, поспремни и позрели како екипа во новата втора сезона за нас во вардаровата лига. Воедно јас на сите ракометари и ракометарки им посакувам повеќе успеси во наредната сезона која ќе започне да се реализира оваа есен- изјави Проеска за нашиот сајт.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ