Комити Видео за гостувањето во Кратово конечно фудбал после речиси три долги месеца пауза.
Пријавување за ова гостување ќе има во четврток и петок од 20.00ч до 21.00ч.
Пријавувањето е со приложување на членската карта и чини 200 денари. За време на пријавувањето оние што не успеаја да набават членска ќе имаат можност да набават по цена од 250 денари. За оние без членска цената за гостувањето во Кратово ќе чини 300 денари, а ќе биде овозможено доколку останат слободни места во автобусите.
Исто така ве известуваме и дека пристигна втората тура на шаловите, така да во четврток и петок ќе имате можност при пријавувањето за гостување да купите и од шаловите.
Цената стандардно е 500 денари. Бидејќи сега има нови шалови убаво би било сите да ги носите во Кратово и секако темна облека!