Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Хмирова подготвена за кам-бек!

Хмирова подготвена за кам-бек!

c738bdd96f08a695bdc416e91d3de946Конечно малку позитивни вести овие два дена и во ЖРК Вардар. По четири месеци надвор од терените поради повреда, Татјана Хмирова е подготвена да се врати на теренот уште на саботниот меч со Лајпциг.

Десниот бек го повреди рамото уште на почетокот на сезоната, па така не успеа да запише ниту еден натпревар во елитното натпреварување.
Несомнено Хмирова ќе биде значајно засилување за Вардарки во нападот, и одбраната.
Во сабота нашиот тим игра важен меч со Германски Лајпциг, и доколку сака да продолжи да игра во Лигата на Шампионките мора да го добие овој натпревар.