Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > Извини Работнички, Скопје навива за Вардар!
Извини Работнички, Скопје навива за Вардар!

Извини Работнички, Скопје навива за Вардар!

Со оваа позната парола, ве повикуваме денеска од 20 часот да ја наполните Арената Филип II, и сите заедно да се радуваме на прва титула оваа сезона. Како што знаеме, на патот ни ”стои” градскиот ривал, екипата на Работнички. Сите знаеме кој е Работнички, дуелите помегу овие два тима секогаш носеле мали искри на теренот, но нa трибините никогаш… Сите знаеме дека Скопје навива за ФК Вардар, па затоа сите вечер да го докажеме тоа на дело, со песна од јужната трибина да го поздравиме нашиот миленик.

Собирот како и вообичаено е два часа пред натпреварот на добро познатата локација, купете си билети на билетара, по цена од 100 денари, и да се упатиме сите кон блок 1, јужна трибина.
Извини Работнички, СКОПЈЕ НАВИВА ЗА ФК ВАРДАР!