Вечерва свечено се отвори првиот фан шоп на навивачката група Комити. Истиот е лоциран на булерварот “Свети Климент Охридски“, спроти ноќниот клуб „Мамас“. Ке имате можност да изберете многу од производите со знакот на најдобрата навивачка група КОМИТИ како и производи со знакот на нашиот миленик ВАРДАР.
Сите кои поседуваат членска карта од КОМИТИ, ке можат производите да ги купуваат со 20% попуст. Од понеделник до петок истиот ќе биде во функција од 14:00-20:00 часот, додека во сабота и недела работното време ќе биде од 12:00-20:00 часот.
Вечерва на отвараето се појавија дел од ракометарите на Вардар, како Стоилов, Марсениќ и Карачиќ, кои посакаа успешна работа на фан шопот.