Женскиот ракометен тим на Вардар е составен од квалитетни европски ракометарки, дополнителен показател за истото е тоа што дури осум вардарки ќе настапат за своите репрезентации на Европското првенство. Истото во декември ќе се одржи во Шведска.
Бројот на девојки со репрезентативен повик е поголем, бидејќи десет ракометарки на Вардар следниот месец ќе имаат репрезентативни обврски. Како што спомнавме осум од ќе играат на Европското првенство, а во квалификациите за СП 2017 ќе играат Сара Ристовска за Македонија и Дијана Илина за Белоруската селекција. Поради овие повици само со осум ќе работи Давид Дејвис во Скопје, тоа се Андреа Лекиќ, Сања Дамњановиќ, Мајса Песоа, Татјана Хмирова, Ина Суслина, Ања Алтхаус и Јованка Радичевиќ.
За Европското првенство се повикани: Амандин Лејно (Франција), Александра Лакрабер (Франција), Андреа Кликовац (Црна Гора), Камила Херем (Норвешка), Тамара Мавсар (Словенија), Барбара Лазовиќ (Словенија) Андреа Пенезиќ (Хрватска), Андреа Човиќ (Хрватска). Европското првенство ќе се игра во Шведска во период 4- 18 декември.