И Војводи од Тетово го најавија своето присуство на дуелот против Шкендија идната недела во Скопје. Како што се вели во соопштението, братството од 10 години помеѓу Војводи и Комити продолжува.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Војводи:
Секогаш први на браникот државата и македонштината, затоа што делиме иста судбина и негуваме исти идеали. 10 Години од нашето официјално збратимување, 10 Години братсво Војводи и Комити.
По тој повод повик до сите Војводи,Комити,Македонци сите заедно на 8-ми Декември ве повикуваме да дојдете на натпреварот Вардар – шкендија против нашиот голем ривал да прославиме три големи јубилеја:
10 години братство Војводи и Комити
20 години Лојал Фанс
5 години Комити Маџари
ИДЕОЛОГИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, БРАТСТВОТО ОСТАНУВА !!