Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар „гази“ сигурно во лигата, стигнавме до 5/5 по победата над Пробаскет Академија
ЖКК Вардар „гази“ сигурно во лигата, стигнавме до 5/5 по победата над Пробаскет Академија

ЖКК Вардар „гази“ сигурно во лигата, стигнавме до 5/5 по победата над Пробаскет Академија

Вардар повторно е лидер на Првата женска кошаркарска лига. Вчера девојките на Жаклина Стојаноска во „Кале ја пречекаа и совладаа екипата на Пробаскет Академија. ЖКК Вардар ги совлада кавадарчанки со резултат 86-34.

По првата четвртина бевме помалку израмнети, ние постигнавме 21 поен наспроти 17 на ривалот. Тие беа само на минус четири по 10.минути игра, втората четвртина веќе беше она нашето, доминирвме во двата правци па тоа донесе нараснување на предноста на 20.поена пред одморот.
За време на паузата ние водевме со високи 44:24  и најавивме сигурна нова, петта  победа оваа зезона во лигата.  По третиот период беше 63-30, а во последната издониниравме максимално истата ја добивме со неверојатни 22:04. Овој   дуел од 4.коло кој беше претходно одложен,  го добивме со  резултат 86-34.

Сега сме единствена екипа со пет победи, наш е врвот зад нас се  екипите на Бадел и Баскет Кам со по еден пораз по пет рудни. Во следното шесто коло сме домаќини на екипата на Студент Академија.