Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Висока победа со 21 гол повеќе за Вардар во мечот со ЖРК Металург во младинската лига
Висока победа со 21 гол повеќе за Вардар во мечот со ЖРК Металург во младинската лига

Висока победа со 21 гол повеќе за Вардар во мечот со ЖРК Металург во младинската лига

Денес во рамки на 3.коло од младинската женска лига, ЖРК Вардар го пречека тимот на Металург. Црвено-црните дами на Ристова, Црвенковска и Царчев во дербито впишаа победа над ривалот од Автокоманда. Овој втор младински триумф дојде со резултат 48-27 (23-10).

76904022_10215742187089858_4672508794062766080_o 76978609_10215742189929929_4939927553994391552_o

Дуелот започна рамноправно, двата тима отворија со по три гола, па по 6.минути ракомет во „Јане Сандански“ беше 3-3. Конечно ние во одбраната успеавме да одиграме на ниво, Илиќ впиша интервенција па тоа беше наградено во напад. Успеавме да поведеме со два брзи гола со 5-3, потоа погодија и Костовиќ од позиционен напад и по контра капитенот Диневска за високи 7-3 во 11.минута . Клупата на ривалот побара минута одмор, тоа резултираше со два врзани гола и намалување на 7-5 по 60.секунди игра. Веднаш следеше наш “блесок“ почнавме по одлични игри во одбраната, одбрани неколку удари и Илиќ, па со брзи контри да го полниме голот на ривалот. Во 21.минута поведовме со 15-6 со голот на Седлоска, ние бевме тимот кој доминира на овој натпревар. Првпат  двоцифрената предност ја имавме во 25.минута кога поведовме со 17-7, веднаш по 15.секунди и со 18-7 со двете контри стандардно недодржливи на Ивона Трпевска. Највисоката предност од 13 гола ја имавме во 28.минута кога водевме до 21-8, по контра повторно Катерина Дамјаноска иако пикер прва дојде пред голот и погоди. Ривалот во последните две минути успеа да намали со два гола па на одмор заминавме со резултат 21-10.

76730728_10215742187409866_4876131351025156096_o 77058379_10215742192049982_8825613449124904960_o 78127547_10215742188489893_5939440798247419904_o 79131239_10215742188689898_6664682653658120192_o
Тргнавме офанзивно и успеавме да се одлепиме на самиот почеток со серија 4-0, па во 34.минута водевме со 25-10 со голот на Трпевска Ивона. Противникот искористи едно наше искучување и намали на дел од разликата, тие успеаа да дојдат до 28-16 во 9.минута. Ние веднаш се вративме во ритам во одбраната заигравме поангажирано, Грујовска впиша интервенција па со голот на Трпевска поведовме со 31-17 во 45.минута. Во 50.минута поведовме со 15 гола предност, нашата одбрана беше на ниво, Грујовска имаше свој удел па во напад се наградуваше сето тоа, Диневска погоди од пенал за 37-22. На голот на ривалот поранешната вардарка, Станчева Ивана  врза две одбрани па им овозможи да намалат на 37-24. Потоа, Грујовска на поранешната колешка Мими Петковски и одбрани „зицер„ тоа во контра го награди Фани Ѓорѓиевска за 40-24 во 23.минута. Во 58.минута со голот на Фани Ѓорѓиевска отидовме на 20 плус, 46-16 стоеше на семафорот. Дуелот заврши 48-17.

78814912_10215742188609896_5116058841338871808_o 78699159_10215742186849852_483134772273479680_o 78425190_10215742190049932_1407006753316405248_o 78400175_10215742190129934_6902247748750278656_o
Прв стрелец беше денес мотивираната Трпевска со девет гола, седум имаше Фани Ѓорѓиевска. Неколку девојки има по пет гола: Николиќ Милица, Џатевска Ивана и Ана Марија Божиновска. Голманките имаа свој придонес, Илиќ Андрeа одбрани шест удари, Грујовска Симона сопра четири топки.