Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, немаше среќа да победи во Кратово затоа што прими гол во финишот од Силекс (2-2) и мора да се задоволи само со бод на незгодното гостување.
На денешниот дуел во Кратово, Вардар можеше да победи, но можеше и сите три бода да ги загуби. Силекс иако имаше предност по првиот дел, следуваше консолидација на Вардарци во вториот каде со прекрасниот гол на Тошевски и потоа на младиот Цветаноски, Вардар направи целосен пресврт за 1:2. Вардар сепак со играч помалку не издржа по исклучувањето на Мицевски, па прими погодок во финишот, а во две акции пред голот, Гачевски и Серафимов спасија чисти голови на домаќинот. На крајот, Вардар можеше да победи и да стане есенски шампион, но Брдаровски не успеа да реализира еден контра во која си даде предолг фор.
Се на се, Вардар зголемува уште еден бод предност пред А.Пандев и Шкендија, кои ова коло загубија на гостински терен. Со победа во недела кај А.Пандев, Вардар и официјално ќе биде есенски шампион.