Ракометниот клуб Вардар за следниот дуел во шампионската лига помеѓу европскиот првак и тимот на Веспрем кој ќе се игра во недела излезе со соопштение за присутните. Во истото кое е објавено на официјалната страница на клубот се вели:
Сите посетители на натпреварот меѓу Вардар и Веспрем од ЕХФ лигата на шампионите, во недела, 1 декември при влез во салата ќе мора да покажат ПЛАСТИФИЦИРАН СЕЗОНСКИ билет или поединечен билет за тој натпревар.
Нема да биде дозволен влез со ХАРТИЕН А4 ВАУЧЕР ЗА СЕЗОНСКИ БИЛЕТ.
Доколку поседувате ваков хартиен ваучер истиот ќе морате да го смените со пластифициран сезонски билер што можете да го добиете на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“. Во спротивно нема да ви биде дозволен влез во салата.
Ова се однесува само за сезонските билети кои се купени пред почетокот на сезоната.
Работното време на билетарницата е секој работен ден од 10 до 18 часот.
Натпреварот Вардар – Веспрем е закажан за во недела, 1 декември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.