Едни од најзаслужните за шампионската круна и развој на РК Вардар нивните верни навивачи Комити Запад добија златото од Келн. Бизнисменот Орце Камчев кој беше дел од делегацијата на завршниот турнир Ф-4 од Лигата на шампионите, доби златен медал од ЕХФ реши истиот да го даде на оние кои го заслужија.
Вчера на прославата во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, европското златото од Келн тој им го подари на навивачите на Вардар, Комити Запад. Медалот го врачи на популарниот Шиц. Бизнисменот рече дека тоа е подарок за нивниот 30. роденден и дека го заслужиле со нивната преданост на црвено-црните бои.