Во првото коло во 2022 година, ЖКК Вардар гостуваше кај тимот кој е актуелен шампион, екипата на Баскет Кам. Девојките на Александар Ашаданов беа поразени на оваа средба од 12.коло во групата-А од сезоната 2021/22.
Ривалот имаше повеќе од играта и ја контролираше средбата, тие имаа предност која постојано раснеше. На полувреме имаа 21.поен повеќе, на семафорот во големата сала при СЦ „Кале“ стоеше 54-33 за актуелниот шампион. Вардарки одиграа подобро во вториот период, успеаа да ја намалат разликата, поразот дојде со 13.поена помалку. Покрај добриот тим на ривалот тие имаат и доволен ростер за ротација, нешто што е голем проблем на црвено-црните кои имаат “тенка клупа“. Баскет Кам победи со резултат 72-59 на оваа средба.