Ракометната репрезентација на Полска за која настапуваат двајца вардарови играчи на ЕП денес ремизираше на натпревар против репрезентацијата на Русија. На крајот двете екипи ги поделија бодовите, откако натпреварот заврши со резултат 29:29.
Русија на два наврати во првото полувреме имаше предност од три гола (2:5 и 4:7), но Полска беше репрезентацијата која на одмор замина со минимално водство од 13:12, а најзаслужен за водството беше голманот на Полска кој имаше двоцифрен број на одбранети удари.
Откако во вториот дел, Полска поведе со 17:15, па Русија го израмни резултатот на 17:17, до крајот на натпреварот гледавме игра гол за гол. Сепак Полска беше поблиску до победата, но благодарение на Косоротов кој погоди со звукот на сирената, Русија се избори за бод од овој натпревар во втората групна фаза.
Во составот на Полска за овој натпревар беа играчите на Вардар. Патрик Валчак и Јан Чувара успеаа да постигнат по еден гол.