Пролета тргна тешко за црвено-црните на полусезоната ја загубија една од двете ударни игли Влаќевски кој замина за Хрватска, потоа следуваа два порази од шампионот Макпетрол и од дирекниот конкурент за позицијата два екипата на КК ГТЦ Мусандра. Целта после ова беше да се изнајдат сили да се вратат во форма и да ја освојат втората позиција која беше загрозена.
Влегоа во форма од меч во меч ја подигаа играта па во минатото 13.коло влегоа со еднаков број бодови во клучниот дуел со КК ГТЦ. На истиот во последниот пар влеговме со егал резултат 2-2, но и губевме со 60 “дрва“ и висеше сезоната. Сепак на патеките се појавија Младен Донковски и Дарко Димитровски кои ја земаа судбината во својте раце. Овие двајца големи борци дојдоа до две победи во дирекните дуели, а успеаа да направат позитива и во вкупниот биланс со што освоивме уште два поени. Тоа беше доволно за победа од 6-2 во дербито за вицешампионската титула со екипата на КК ГТЦ Мусандра. Треба да се потенцираат и одличните игри и поени на лидерот на тимот Димитар Димитровски и искусниот “стар волк“ Миле Димковски кои освоиа поени претходно во овој дуел. Сега не очекува само да ја потврдиме истата. Прва прилика имаме веќе во четврток кога ја пречекуваме екипата на КК Империал Тобако ТКС која е “фенерџија“ во лигата. Победа во овој дуел ќе ни овозможи на коло пред крајот да ја обезбедиме теоретски втората позиција која беше наша цел оваа сезона во Македонската кугларска лига. Дуелот се игра четврток, 6 април со почеток во 17-00 часот. Половина час претходно во 16-30 минути на патеките во кугларницата “Мусандра“ ќе се сретнат нашиот и јуниорскиот состав на екипата на Имлпериал Тобако ТКС.