Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Вељаноска: После цела пропуштена сезона заради повреда, враќањето на терен е одлично чувство

Александра Вељаноска: После цела пропуштена сезона заради повреда, враќањето на терен е одлично чувство

Младинките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до својата четврта победа во лигата, откако во спортскиот рекреативен центар Кале беа подобри од екипата на Ѓорче. Неизвесност постоеше само во првите 30 минути, кога Вардарки имаа предност од само еден гол (14:13). На стартот од второто полувреме успеваме да направиме серија од шест последователни голови и резултатски да се одлепиме од противникот. На тој начин црвено-црните му вратија на Ѓорче за поразот од есенскиот дел од сезоната. Повратник во екипата на Вардар е Александра Вељаноска, која поради повреда ја пропушти цела мината сезона. Таа полека почнува да добива шанса од тренерот Платон, со цел да велезе во натпреварувачки ритам. Мечот со Ѓорче го заврши со два постигнати голови.

-Во овој меч ја добив првата шанса после долга пауза. Полека ја враќам старата форма. После цела пропуштена сезона заради повреда, враќањето на терен е одлично чувство. Играјќи на домашен терен влеговме мотивирани и со желба да не се повтори минатиот меч против Ѓорче. Во првото полувреме имавме некои грешки и недоразбирања главно во одбраната кои ги решивме во второто полувреме и беа пресудни за нашата победа. Нашата цел е да ја довршиме оваа полусезона без пораз и се надеваме на добар пласман.

Звонко Ивановски