Tuesday ,15 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Директни преноси на МТВ-1 од сите натпревари на завршниот турнир во СЕХА-лигата

Директни преноси на МТВ-1 од сите натпревари на завршниот турнир во СЕХА-лигата

Во перидот од 7-9-ти април, екипата на РК Вардар ќе биде дел од завршниот турнир во СЕХА-лигата. Во петок црвено-црните ќе го играат полуфиналниот натпревар против екипата на ППД Загреб. Овој меч ќе започне до 17:30 часот и истиот ќе биде пренесуван на МТВ-1. Во другото полуфинале од 20:30 ќе се сретнат екипите на Веспрем и Брест Мешков.

Големото и мало финале се закажани за во недела. Истите термини важат како и за полуфиналните мечеви. Сите натпревари од Ф4 и овој пат ќе бидат пренесувани на Македонската радио и телевизија. По два трофеи во ова натпреварување имаат екипите на Веспрем и Вардар. Унгарците го бранат трофејот од минатата сезона, кога во финалето играа токму со екипата на Вардар. Не очекува уште една интересна завршница во СЕХА-лигата, која се надеваме ќе донесе нов трофеј за избраниците на Гонзалес, со кој би станале најтрфејни во оваа лига.