Словенската репрезентивка, Тамара Мавсар на крајот од сезоната си заминува од Вардар и се враќа во Крим Меркатор, екипата од каде дојде во Скопје. Иако нејзиниот првичен договор беше на две сезони, клубот и Тамара решија предвремено да го раскинат, по желба на Мавсар да се врати во својата татковина и екипата каде ја започна, а најверојатно и ќе ја заврши својата играчка кариера.
Мавсар во дресот на Вардарки оваа сезона во лигата на шампионите до овој момент има постигнато 30 голови. Се надеваме дека среќна ќе си замине од Скопје со европската титула во раце.