КК Вардар направи исчекор кон полуфиналната серија во втората лига, вчера дојде до победа над Баскет Кам.
На првиот дуел од четвртфиналната серија, црвено-црните во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ ја пречекаа екипата од Македонска Каменица. Избраниците на Александар Јованчев дојдоа до победа и поведоа со 1-0, потребна им е уште еден триумф за пласман во следната полуфинална фаза. Ние вчера победивме со релативно тесен резултат, со два поена кои беа доволни за триумф, резултатот на крај беше 68-66.