Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Охрид, следи дербито со Е.Пелистер кое ќе го реши новиот Шампион
Вардар го победи Охрид, следи дербито со Е.Пелистер кое ќе го реши новиот Шампион

Вардар го победи Охрид, следи дербито со Е.Пелистер кое ќе го реши новиот Шампион

Вардар со победа ќе го дочека големото дерби против екипата на Еурофарм Пелистер, натпревар кој ќе го одлучи новиот Шампион на Македонија. Вечерва црвено-црните славеа убедливо со резултат 21:28, на гостувањето кај екипата на ГРК Охрид.

До средината на првото полувреме, домашната екипа даваше отпор, најчесто се играше гол за гол, во моменти кога Вардар ќе поведеше со два гола разлика, Охрид враќаше на ист начин. После 20.минута од натпреварот, избраниците на Дејвис го кренаа нивото на игра, влегоа во серија на погодоци, за на полувреме да заминат со солидна предност од 11:16.

Благодарение на неколку одбрани на домашниот голман, екипата на Охрид се врати во натпреварот кога намали на само еден гол негатива, додека во 50 минута резултатот беше 20:22. Сепак противникот немаше сила за цел натпреварот, едноставно како и во завршните десет минути од првиот дел, така и во завршницата од мечот попушти нивниот отпор, па на крајот мораа да се помират и со висок пораз од седум голови разлика.

Најефикасен кај нас беше Моралес со 7 голови, додека Талески постигна 5. На 1.мај ќе се одигра дербито со екипата на Еурофарм Пелистер.