Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар ја започна пролетната етапа со победа над Пелистер
Куглање: Вардар ја започна пролетната етапа со победа над Пелистер

Куглање: Вардар ја започна пролетната етапа со победа над Пелистер

Викендов започна со одигрување пролетниот дел од Македонската кугларска лига, МКЛ. Во првата рунда во 2024.година,  црвено-црните момци беа домаќини во дербито на КК Пелистер. Вардарци беа поуспешни и го совладаа тимот од Битола на оваа важна средба за „сребрената“ позиција на табелата.

Нашиот тим оствари победа со резултат 5-3, во сетови бевме подобри со 14-10. Црвено-црните имаа екипно соборено 3229 „дрва“ или 83 повеќе од ривалот кој дојде до бројката 3142  на оваа средба во кугларницата „Мусандра“ ви Градскиот трговски центар во Скопје. Кај нас се истакнаа со најдобар резултат поранешниот член на ривалот, а сега вардарецот,  Пецо Димовски (553) и искусниот Манев Костадин (555). Покрај нив поентираше и Саша Јанковиќ со 534 “соборени“ дрва на оваа средба со зелено-белите.