Викендов започнува Супер лигата во женската кошаркарска сениорска конкуренција. По три тима кои беа на најдобрите позиции на групите „Исток“ и „Запад“ влегоа во истата и ќе разигруваат за плеј-офот.
Во првото коло ЖКК Вардар е домаќин, не очекува тежок натпревар, во малата сала „Кале“ гостува еден од ривалите за титулата, екипата на Бадел 1862. Напреварот е закажан за утре (сабота, 10.април) со почеток во 16:00 часот. Кошаркарската правда ќе ја делат: С.Митев, Ј.Чевренка и Б.Јакова.