Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар го пречекува тимот на АВ Охрид
КК Вардар го пречекува тимот на АВ Охрид

КК Вардар го пречекува тимот на АВ Охрид

Во Првата кошаркарска машка лига сме во периодот кога со засилено темпо се одигруваат регуларните кола во првенството.  Вардар во рамки на 19.коло, в  вторникот гостуваше во Гостивар, каде беше совладан од домашниот тим со 99-66.  Веќе овој викенд на програмата е новото, 20.коло.

Во ова коло сме домаќини на екипата на АВ Охрид која со победата во минатото коло на домашен терен изби на позиција пред нас на табелата. Тие со 4 победи се 9.место ние сме со една победа зад нив на првенствената табела. Дуелот се игра недела, 24.март со почеток во  18-00 часот во малата сала при С.р.ц “Кале“ во Скопје. Во првата средба одиграна во Охрид домаќинот успеа да не победи тесно со само три поена разлика. Одигравме добар меч, но бевме поразени со 83-80 на тој дуел.