Дури четворица играчи од Вардар се најдоа во најдобриот тим во регуларниот дел на СЕХА-лигата, според гласовите на капитените од екипите кои оваа сезона беа дел од ова натпреварување. Кај Вардар своите гласови ги даде капитенот, Стојанче Стоилов, а дури четворица негови соиграчи добија најмногу гласови за најдобри на своите позиции. Тоа се Милосављев, Дибиров. Карачиќ и Кристопанс.
Вака изгледа идеалтниот тим во регуларниот дел на СЕХА:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Петар Ѓорѓиќ (Мешков Брест)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб)
Пикер: Марин Шипиќ (Нексе)
МПВ: Златко Хорват (ППД Загреб)
Дефанзивец: Павел Хорак (Мешков Брест)
Тренер: Маноло Каденас (Мешков Брест)
Завршниот турнир на програмата е на 2 и 3. април, за трофејот ќе се борат екипите на Вардар, Брест Мешков, Нексе и ППД Загреб.