Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар во 2.коло гостува на Пелистер, без бодови го завршивме мечот со Макпетрол
Куглање: Вардар во 2.коло гостува на Пелистер, без бодови го завршивме мечот со Макпетрол

Куглање: Вардар во 2.коло гостува на Пелистер, без бодови го завршивме мечот со Макпетрол

Овој викенд на програмата е 2.коло од Македонската кугларска лига. Нашиот црвено-црн тим, КК Вардар ќе биде гостин  на екипата на  КК Пелистер од Битола.  Дуелот се игра во куглата во склоп на салата “Боро Чурлевски“ во сабота, 16.март.

Во првото коло гостувавме кај фаворитот за титулата, шампионот КК Макпетрол. Домаќинот беше подобар на оваа средба и дојде до бодови со победа 7-1, однисно во сетови тие имаа резултат 16,5: 7,5. Единствениот поен за црвено-црните го освои капитенот, искусниот Миле Димковски.