24-годишниот десен бек Александер Котов член на Чеховски Медведи е на „радарот” на тимот на Вардар. Се работи за играч висок 198 сентиметри кој оваа сезона за Чеховски Медведи во Лигата на шампионите постигнал 36 погодоци што го прави најдобар стрелец на овој тим. Вардар веќе извесно време го следи овој ракометар, кој е можно да го засили „црвено – црниот” тим за следната сезона.
Инаку, како што е добро познато, од редовите на Вардар идното лето си заминува стартниот десен бек, а тоа е Кристопанс.
Видео од Котов: